Иако шампионот не блеска, и кога победува тоа го прави со многу проблеми. Факт е дека Наполи, тим за кој настапува и нашиот Елиф Елмас, не е тоа што треба да биде според фановите на овој клуб од под Везув.
За тоа е свесен и тренерот Антонио Конте, но тој денеска на пресот во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Ајнтрахт Франкуфурт, имаше свој коментар:
„Сите знаат дека имаме проблеми, сите знаат дека Лукаку е повреден и долго сме без него и долго ќе бидеме без него. Сега се повреди и Де Брујне, имаме и други проблеми. И сега по се тоа јас слушам три месеци само критики, но кога ќе ја видам табелата во Серија А таму Наполи е прв“ посочи Конте покрај другото.

