Кејн и Диаз му донесоа нов Суперкуп трофеј на Баерн (М)

16.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејн и Диаз му донесоа нов Суперкуп трофеј на Баерн (М)

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва го освоија својот 11-ти Суперкуп на Германија откако го победија Штутгарт со 2:1. Шампионот на Германија немаше премногу проблеми да слави практично на гостински терен против „швабите“, а натпреварот го одбележа и дебито на скапото засилување од Ливерпул, Луис Диаз.

Хари Кејн со голот во 18-тата минута ги доведе баварците во водство од 1:0. Во второто полувреме видовме доминантна партија на шампионот, кој во 77-та минута преку новата ѕвезда на тимот Луис Диаз дојде и до зголемена предност од 2:0.

Напорите на Штутгарт за погодок се реализираа во судиското продолжение кога Левелинг само намали на 2:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата