Брендфорд го доведе рекордното засилување

17.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брендфорд го доведе рекордното засилување

Досегашниот играч на Борнмут, Данго Уатара е новото рекордно засилување за екипата на Брендфорд.

Репрезентативецот на Буркина Фасо потпиша со „Пчелите“ до летото 2030 година со опција за продолжување за уште една сезона, а „Црешите“ за него добија нешто повеќе од 42 милиони евра.

 Уатара има 23. години и е лево крило. Беше дел од Борнмут од јануари 2023 година, а во кој период одигра 88 натпревари за тимот, за кои постигна 11 гола и имаше 9 асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата