Карабах пред Шкендија донесе засилување од Ла Лига

3.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карабах пред Шкендија донесе засилување од Ла Лига
фото: azerisport.com

Противникот на Шкендија во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите, азербејџанскиот фудбалски клуб Карабах објави нов трансфер.

Како што објави azerisport.com, тимот потпиша со шпанскиот играч од средниот ред Џонатан Монтиел. Тој потпиша 2-годишен договор со опција за продолжување за уште 2 години.

26-годишниот фудбалер последен пат играше за шпански Рајо Ваљекано. Останува да се види дали ќе биде во опција за двомечот со тетовци.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата