Последниот, одлучувачки чекор кон новиот договор на турскиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Кенан Јулдиз се покажа покомплициран од очекуваното. Јувентус и Кенан Јилдиз не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката до 2030 година.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, преговорите се во застој, а сега страните повторно размислуваат за следните чекори. Недостасува компромис за бројките околу новата плата на Јилдиз, па дури и за одредени договорни аспекти се ставени на преразгледување.
Според весникот, потпишувањето на новиот договор на „десетката“ на Јуве никогаш не било повеќе во опасност отколку сега. По месеци преговори, дискусии и состаноци, извршниот директор Дамиен Комоли и придружбата на турскиот плејмејкер одлучија да ги прекинат разговорите.

