Интер му нуди 50 милиони евра на Реал Мадрид за играч на Комо!

24.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер му нуди 50 милиони евра на Реал Мадрид за играч на Комо!
ФОТО:Como 1907/FB

Нико Паз и дефинитивно е хит во Серија А. Аргентинецот просто блеска во дресот на Комо, во тимот кој блеска во новата сезона во елитната лига во Италија.

И токму затоа Паз е траснферна цел на големите клубови, пред се на оние во Серија А, а посебно на Интер.

Деновиве медиумите во Италија пренесоа дека Интер веќе му понудил на Реал 50 милиони евра за да во наредниот преоден рок го донесе во Милано.

Некој ќе праша а зошто на Реал?

Одговорот е дека “Кралвите“ имаат право за само 9 милиони евра да го откупат, имаат таква клаузула кога Паз правеше трансфер во Комо, и да го продаат за далеку поголема сума.

Токму затоа на Интер му се брза и знае дека ова Реал секако дека ќе го искористи.

Од сева ова “Кралевите“ може да си заработат најмалку 40 милиони евра за играч кој фактички не е нивни.

Тоа е тоа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата