Интер го сруши рекордот на приходи во Серија А

18.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер го сруши рекордот на приходи во Серија А
фото: Inter Xtra (X)

Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 за клубовите во Серија А, покажуваат дека тимот на Интер е во најголем приход. Поточно, дека го срушил рекордот на приход кој што до овој момент го држеше тимот на Јувентус.

Интер во моментов е во плус за  567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Јувентус претходно имал приход од 464 милиони.

„Финансискиот извештај што го презентираме означува историски момент, за прв пат во модерната историја на Интер регистриравме нето добивка“, изјави претседателот Џузепе Марота.

Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата