Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера.
„Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани… Сакам да научам француски, да, да. Сакам да поминувам повеќе време со моите деца бидејќи во моментов немам време да им се посветам. Сакам да поминувам повеќе време со моето семејство, моите сестри и браќа, ретко ги гледам. И да патувам. Има толку многу работи што не сум ги направил, а дефинитивно ќе ги направам! Илјадници, милиони места на кои не сум бил, а сакам да ги посетам; изложби, концерти или само седење дома и ништо да не правам – навистина е одлично. Можеби ќе почнеме од таму, нели? Има толку многу работи што треба да се прават“, рече Гвардиола,
Натпреварот од 11-то коло од англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе биде број 1000 во тренерската кариера на Гвардиола.

