Готово: Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор

27.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово: Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор

Она што се очекуваше, со оглед на лошата серија на резултати, попладнево доби официјализација во Торино.

Тимот на Јувентус му врачи отказ на Игор Тудор, досегашниот тренер на екипата откако синоќа тимот загуби со 1:0 од Лацио во рамките од редовното коло во Серија А.

Јувентус нема победено од 13 септември, а минаа осум меча оттогаш. Имаше серија од нерешени резултати, но трите порази по ред, од Комо, Реал Мадрид и Лацио беа премногу за управата на клубот.

Веќе се лицитира со наследниците на Тудор, кој што пак веројатно ќе биде назначен до среда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата