Гираси го прекина постот со гол за победа на Борусија (Д)

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гираси го прекина постот со гол за победа на Борусија (Д)
фото: BVB (X)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Аугзбург со 1:0 во првиот натпревар од деветтото коло на германската Бундеслига. На денешното гостување, Борусија (Д) славеше благодарение на голот на Серху Гираси, кој го прекина постот од пет лигашки натпревари без гол и денеска им донесе победа на „милионерите“.

Голот беше постигнат во 37. минута, а до крајот на мечот скоро и да не видовме шанса за уште некој гол.

По овој триумф, Борусија е втора на табелата со 20 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата