ФОТО НА ДЕНОТ: Уште еден трофеј за ПСЖ! Да се знае кој е најдобар во Европа!

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФОТО НА ДЕНОТ: Уште еден трофеј за ПСЖ! Да се знае кој е најдобар во Европа!
ФОТО: FC PSG/FB

Беа на работ на бездната, до таа 85.минута имаа 0:2, ама покажаа карактер на вистински шампиони и на крај го добија пехарот како победници во Суперкупот на УЕФА.

ПСЖ знаеше како треба, а Тотенхем може само да жали. Луис Енрике освои уште еден трофеј, по Лигата на Шампионите сега за првпат на Париз, на Франција им го донесе и првиот пехар во Суперкуп.

Уште да беше онаа брука во финалето на СКП од Челзи, ќе се беше се идеално за ПСЖ.

Но, тоа е фудбалот, не можеш да победуваш секогаш.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата