Официјално: Коман е нов соиграч на Роналдо во Ал Наср

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Коман е нов соиграч на Роналдо во Ал Наср
фото: AlNassr FC (X)

Кингсли Коман од вечерва е нов член на саудискиот гигант Ал Наср. Клубот од Саудиска Арабија, за кој игра Кристијано Роналдо, го објави трансферот на 29-годишниот Французин.

Претходно беше објавено дека Баерн ќе го продаде играчот за 35 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Коман потпиша договор до 2028 година.

Неговата плата ќе биде 20-25 милиони евра по сезона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата