Финалето на Лигата на Европа 2028 во Белград?!

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Финалето на Лигата на Европа 2028 во Белград?!
ФОТО: srbija2027.gov.rs

Белград, главниот град на Србија е меѓу кандидатите за домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2028 година, објави веб-страницата на УЕФА. Според веб-страницата на УЕФА, Националниот стадион во Србија, кој сè уште не е завршен, би можел да биде локацијата за финалето на Лигата на Европа во 2028 година.
Меѓу кандидатите се Лион, Торино и Букурешт за таа 2028 година.
Истите кандидати се и за 2029 година, единствената разлика е што го нема Белград, но ја има Анкара. Што се однесува до Лигата на шампионите, само Минхен е кандидат за 2028 година, а за 2029 година Лондон, стадионот Вембли и Барселона („Камп Ноу“).
Додека Лил, Будимпешта, Торино, Астана и Гдањск се кандидати за домаќин на финалето на Лигата на Конференции во 2028 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата