Во монденското летно престојувалиште, Шарм Ел Шеик во Египет, грото до светските лидери на чело со претседателот на САД, Доналд Трамп се собраа по повод постигнатиот договор за прекинот на огнот во Газа. Поточно, прекинот на немирите помеѓу Израел и палестинците кои што живеа на овој простор.
Ова е голем чекор за светскиот поредок во моментов, а тука има и една светла точка од спортски, поточно фудбалски аспект.
На самитот, како единствена не политичка фигура се појави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој што очигледно има одлични конекции со Доналд Трамп. Тој во насока на нормализација на животот во појасот Газа зема обврска да ги обнови сите фудбалски објекти на овој простор.
„Навистина е важно што ФИФА е тука“, рече г-дин Инфантино на Инстаграм.