Дортмунд и Лајпциг ја завршија задачата

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дортмунд и Лајпциг ја завршија задачата

Предмалку завршија мечевите од попладневниот термин во Бундеслигашката конкуренција во кои што резултатите се релативно очекуваните.

Тимот на Борусија Дортмунд ја оправда улогата на фаворит против тимот на Маинц победувајќи го на негов терен со 0:2. Свенсон и Адејеми до полувреме донесоа двојно водство, Зентнер доби црвен картон па со десетмуна играчи на терен, Маинц не можеше да стори ништо.

Од друга страна пак, со голот на Бакајоко уште во осмата минута, тимот на Ред Бул Лајпциг славеше кај Волфсбург со 0:1.

Хаинденхаим ја искористи домашната публика и терен за да слави со 2:1 над Аугзбург, а гостинска победа кај Сетн Паули од 1:2 обезбеди Баер Леверкузен.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата