Вчера во најновото „Ел Класико“ составот на Реал Мадрид пред своите фанови успеа да слави над Барселона со 2:1. Од она што можеше да се види јасно е дека “Кралевите“ ја заслужија победата. Каталонскиот гигант беше далеку од она што може и треба да го даде за добие најголемиот клупски натпревар.
Самата атмосфера, а посебно по завршување на мечот, беше тензична.
Па така ако Ламине Јамал се “прослави“ со своите изјави пред мечот, тогаш дел од “Кралевите“ го сторија тоа по него.
Посебно видливо беше некоректниот потег на Дин Хојсен.
Имено додека од трибините на “Сантијаго Бернабе“ се скандираше “Барса е КУ*ВА или PUTA BARSA), тој скокаше и со своите гестикулации ја повикуваше публиката да скандираат погласно.
🚨 Santiago Bernabéu fans were chanting ‘P*TA BARÇA!’
Then Dean Huijsen asked them to shout it even louder 🤣🤣🤣 pic.twitter.com/RmdvOnoZnt
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 26, 2025

