Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Откако пред неколку дена му врачија отказ на францускиот стратег Патрик Виеира, првите луѓа на Џенова се пред обезбедување ново тренерско име. Џенова размислува за назначување на Даниеле Де Роси, објави новинарот Алфредо Педула.

Поранешниот тренер на Рома е водечкиот кандидат за замена на отпуштениот тренер Виеира.  Џенова исто така го разгледува и Паоло Ваноли, а одлуката за новиот стретег ќе биде донесена најдоцна до среда.

Де Роси го откажал планираното патување во Аргентина за натпреварот меѓу Бока и Ривер Плата, кој ќе се одржи на 9 ноември, што веќе се толкува како одлука за негово преземање на Џенова.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата