Де ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Конечно најслабиот селектор во историјата на фудбалот, а се знае дека тоа е Драган Стојковиќ – Пикси остана без работа. По онаа бламажа во Лесковац, каде Албанците му покажаа на “славниот“ Пикси како треба, тој веќе не е селектор на Србија. И замислете до каде оди неговата арогантност. Тој не даде оставка, тој понуди оставка.

Во тоа има голема разлика. По тие 0:1 во Лесковац ни неговиот најголем заштитник не можеше да го спаси, а сите знаат кој беше негивиот заштитник, кој пак не го обвини својот пулен за катастрофата, туку кажа дека јавноста не давала доволно поддршка и тој бил згрозен од тоа.

Урнебесно!

И замислете, Пикси имал плата од 1,5 милиони евра плус бонуси, годишно. И замислете селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте само 2 милиони евра.

Првиот е вистинска катастрофа, вистинска непогода за својата земја, а вториот е европски првак.

Инаку деновиве “Газета дело Спорт“ објави листа со најплатени ТОП 10 селектори во светот:

1.Карло Анчелоти (Бразил) – 9,5 милиони
2.Томас Тухел (Англија) – 5,9 милиони
3.Јулијан Нагелсман (Германија) – 4,9 милиони
4.Фабио Канаваро (Узбекистан) – 4 милиони
5.Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони
6.Дидие Дешан (Франција) – 3,8 милиони
7. Марсело Биелса (Уругвај) – 3,5 милиони
8.Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони
9.Густаво Алфаро (Парагвај) – 2,5 милиони
10.Лионел Скалони (Аргентина) – 2,3 милиони

Малку им е на Србите, требало да му дадат на најслабиот селектор во историјата барем уште еден милион и тој да биде пред еден Скалони кој е светски првак.

Па нели Пикси е легенда, го “личи“ да биде пред оној “анонимус“ од Аргентина…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата