Чудо: С. Арабија гради стадион на врвот од облакодер – ќе чини милијарда евра! (ВИДЕО)

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чудо: С. Арабија гради стадион на врвот од облакодер – ќе чини милијарда евра! (ВИДЕО)
ФОТО: screenshot/X

Чудо, фантазија и само во С. Арабија. „Стадионот на небо“ во Саудиска Арабија ќе биде повеќе од спектакл, со капацитет од 46.000 гледачи. Арапите го претставија проектот што треба да биде завршен до Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во нивната земја.
Овој стадион ќе се вика НЕОМ и ќе биде сместен на врвот на зграда висока 350 метри во новиот, паметен град НЕОМ, чија изградба веќе е започната. Според планот, стадионот ќе започне со изградба во 2027 година, а изградбата треба да заврши до 2032 година и ќе чини милијарда долари. Иако Саудиска Арабија сè уште не е официјално прогласена за домаќин на Светското првенство, таа е единствената земја што аплицирала да биде домаќин. Прогласувањето ќе биде само формалност.

Секако дека овој стадион и вистинска револуција во фудбалот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата