Чави ги откачи Арапите, ја сака клупата на Јунајтед!

29.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чави ги откачи Арапите, ја сака клупата на Јунајтед!
ФОТО: FC Barselona/FB

Иако се чинеше дека Чави ќе седне на клупата на Ал-Итихад, еден од најголемите клубови во С. Арабија, сепак нема ништо од тоа. Тој не прифатил понудата на пребогатиот арапски клуб со желба да остане во Европа.

Шпекулациите велат дека славниот некогашен фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, исто така некогашен стратег на каталонката гордост, има голема желба да го преземе Манчестер Јунајтед.

Познато е дека Јунајтед е во страшна криза. Рубен Аморим и дефинитивно не успеа да го подигне тимот, напротив, со него резултатите се ужасни па прашање на ден е кога ќе добие отказ.

Во тој случај Чави е еден од кандидатите за тренер на клубот од “Олд Трафорд“, но прашање е дали е тој вистинскиот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата