Уште една бледа партија му донесе само реми на Јувентус во градското дерби со торино во рамките на 11-тото коло во Серија А. Фудбалерите на Јувентус и Торино ремизираа без голови.
„Старата Дама“ неодамна го замени тренерот, но сепак денеска не видовме напредок во играта. Домаќинот беше малку подобар, имаше шанси да поведе преку Копмајнерс и Камбијасо, но голманот на гостите Алберто Палеари излезе како победник во двата наврати.
Торино веројатно имаше најголема шанса да постигне победнички гол кога во 61-та минута напаѓачот Че Адамс шутираше силно, но Ди Грегорио го спаси Јувентус со парада.

