Барса со сите сили по Хари Кејн, а тој најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен!

3.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса со сите сили по Хари Кејн, а тој најверојатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен!
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Сега веќе и дефинитивно е јасно, барем според медиумите во Шпанија, дека прва трансферна цел на Барселона за следното лето е Хари Кејн. Откако се знае дека Левандовски ја игра последната сезона во дресот на каталонската гордост, Барса го посакува капитенот на репрезентацијата на Англија кој оваа сезона, а и минатата така беше, игра во страшна форма.

Од друга страна попладнево медиумите во Германија пренесуваат дека Баерн Минхен нема намера така лесно да го пушти својот голгетер, на кого договорот му истелкува во јуни 2027 година и дека во блиска иднина ќе му понуди продолжување на договорот.

Сега е на потег самиот Хари Кејн, кој во изјава за медиумите потенцираше дека е рано за било какви конечни одлуки и дека тој е среќен во Минхен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата