Барса како експресен воз ја прегази Валенсија

14.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барса како експресен воз ја прегази Валенсија

Во последниот вечерашен дуел од 4. коло на Ла Лига, Барселона ја прегази Валенсија во првиот домашен меч сезонава. На малиот стадион „Јохан Кројф“, Каталонците им одржаа лекција на гостите од Валенсија победувајќи ги со високи 6:0.

Барселона доминираше од првата до последната минута на мечот и сосема заслужено дојде до третата победа оваа сезона. Вечерва по два гола во дресот на барса постигнаа Фермин Лопез, Рафиља и Левандовски, а Ханси Флик може да биде презадоволен од формата пред стартот и на новата сезона во ЛШ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата