Аталанта извади реми со Лацио и остана во врвот на Серија А

19.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аталанта извади реми со Лацио и остана во врвот на Серија А
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Аталанта продолжија со серијата позитивни резултати на домашен терен од почетокот на сезоната, ремизирајќи без голови против Лацио во натпреварот од 7. коло на Серија А, играјќи 0:0.

Тимот од Бергамо нема пораз на домашен терен од почетокот на сезоната, а така остана и по денешното дерби со „римските орли“.

Аталанта со петтото реми во сезоната стигна до осмото место, додека Лацио остана рангиран четири позиции подолу.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата