Арсенал сака доминација , со овие три потписи тоа е можно

29.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал сака доминација , со овие три потписи тоа е можно
ФОТО: FC Arsenal/FB

И дефинитивно Арсенал е главен фаворит за освојување на титулата шампион на Англија оваа сезона. Фудбалерите на Микел Артета моментално се рангирани на првото место на табелата, играат во одлична форма и се чини дека, поради малку послабите игри на нивните најголеми ривали, Ливерпул и Манчестер Сити, конечно можат да го освојат трофејот што го чекаат повеќе од дваесет години.
Но, во Арсенал се размислува и за иднината.
Па така по одличниот преоден рок кога ги доведоа Ѓокереш, Езе, Мадуеке…, следат обновувањата на договорите на главните фудбалери со цел долгорочна доминација.
Прво, Букајо Сака, целта на раководството е да потпише долгорочен договор, да ги зголеми неговите приходи, а сè оди во вистинската насока од двете страни, а се очекува наскоро да потпише нов договор со „топџиите“.
Не е единствениот со кого се преговара, се преговара за продолжување на договорите и со Рајс и Тимбер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата