Антони ја “скрши“ Мајорка!

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антони ја “скрши“ Мајорка!
ФОТО: Real Betis Balompié/FB

Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола во мрежарта а гостите, прво во 10. а потоа и во 34.минута практично го реши победникот.

До крајот на првото полувреме домашните преку Езалзули во 37.минута ги поставија конечните 3:0.

Во второто полувреме Бетис исто така ги контролираше настаните на теренот, но факт е дека не беа толку агресивни избраниците на тренерот Пелегрини како во првото полувреме, а немаше ни потреба за такво нешто ако се знае дека Мајорка одигра лош натпревар.

Со оваа победа сега Бетис е на 5. место на табелата со 19 бодови, три помалку од четвртиот Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата