Манчестер Јунајтед конечно фати добар ритам и нанижа три победи во Премиер Лигата. И покрај тоа што оваа сезона само што започна, Рубен Аморим веќе ги планира новите засилувања за следната сезона. Имено, португалскиот стратег е заинтересиран за Роберт Левандовски чиј договор со Барселона истекува следното лето.
Иднината на полјакот во каталонскиот клуб не е сигурна и поради тоа се чини дека Левандовски би можел следното лето да ја напушти Барса како слободен играч. Аморим веќе им ја претставил својата идеја на газдите на клубот, но англиските медиуми известуваат дека Џим Ретклиф не планира да го донесе Лецандовски во клубот. 73-годишникот не сака да ги повтори грешките од минатото кога Манчестер Јунајтед ги потпишуваше Кавани, Роналдо и Швајнштајгер кои во поодминати години земаа големи плати и не пружаа многу на теренот.
Газдите на Јунајтед веруваат дека Левандовски е фантастичен фудбалер, но тие ќе се фокусираат да го засилуваат тимот со нови млади имиња кои ќе ја градат иднината на „црвените ѓаволи“.

