Алварез поради недозволена супстанца доби суспензија од десет месеци

8.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алварез поради недозволена супстанца доби суспензија од десет месеци

Играчот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез е суспендиран од страна на УЕФА со десет месеци суспензија, затоа што во неговата крв при допинг тест е најдена недозволена супстанца. За каква не се наведува во информацијата, но се додава дека тестот е направен по дуелот од Лигата на Европа против тимот на Манчестер Јунајтед.

Ова значи дека Алварез ќе се врати на терените откако ќе му истече сусоензијата во април 2026 година.

Искусниот 30. годишен играч е некогашен шпански младински репрезентативец, а во Билбао има преку 200 мечеви одиграни.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата