Алавес со три бода против Еспањол!

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алавес со три бода против Еспањол!
ФОТО: Deportivo Alavés/FB

Еспањол пропушти убава можност да стигне до третата победа во низа во Ла Лига, бидејќи беше поразен во натпреварот од 11-то коло на гостувањето кај Алавес со 2:1.
Гостите од Барселона имаа шанса да се приближат на бод од местото што води во Лигата на шампионите со триумф во Баскија, но попладнево наидоа на расположен домаќин, кој го реши прашањето за победникот веќе во првото полувреме.
Алавес поведе во петтата минута со голот на Денис Суарез, а предноста на домашниот тим ја удвои Лукас Боја, па фудбалерите на Еспањол имаа тешка задача да стигнат барем до бод во остатокот од натпреварот.
Дури и фактот дека ја преполовија предноста на домашниот тим во 56-та минута со голот на резервистот Роберто Фернандез не му вредеше многу на каталонскиот клуб во остатокот од натпреварот, бидејќи Алавес успеа да го зачува водството и да оствари победа во период од играта со многу прекини.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата