Целиот свет ја следи војната во Израел во последните пет дена, и многу луѓе се интензивно заинтересирани за историјата на конфликтот меѓу Израел и Палестина, за да се обидат да разберат како дошло до тоа.
Она што треба да го знаете е дека тензиите меѓу двата народи постоеле уште пред основањето на државата Израел во 1948 година. Десетици Илјадни луѓе од двете страни се убиени, претежно на палестинската и арапската страна во судирите, а многу повеќе се повредени и протетани во долготрајниот конфликт меѓу двете страни во изминатите неколку децении.
Израел и милитантната група Хамас се вклучени во вооружен конфликт што датира од Првата палестинска интифада во 1987 година, или востание, против израелската контрола на Појасот Газа и Западниот Брег.
<b>Хронологија</b>
На 29 ноември 1947 година, Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за создавање на две држави - еврејска и арапска, на Западниот брег на реката Јордан, при што Ерусалим ќе го задржи статусот на меѓународна зона.
Независноста на Израел беше прогласена на 4 мај 1948 година. Веднаш потоа арапските држави - Египет, Сирија, Јордан, Либан и Ирак започнаа војна против новоформираната држава.
За време на Шестдневната војна во 1967 година, Израел го окупираше Појасот Газа и Западниот брег на реката Јордан, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Еврејското население почна да се населува на палестинските територии, што доведе до масовни миграции на Палестинците.
По првата Интифада (востанието на Палестинците против израелската влада на окупираните територии) беше потпишана Декларацијата за принципите на привременото самоуправување на Палестина. Тоа беше преоден рок од пет години. Таа требаше да започне со преселување на израелската армија од Појасот Газа и Ерихон (Западниот брег на реката Јордан) и да заврши со утврдување на конечниот статус на палестинските територии.
Првите избори во Палестина беа одржани во 1996 година, а Јасер Арафат беше избран за претседател на палестинската национална администрација.
По втората Интифада, во 2002 година, САД, Европската унија, Русија и Обединетите нации предложија мировен план, кој предвидуваше обновување на преговорите, решавање на конфликтот и создавање независна палестинска држава.
Во 2005 година Израел еднострано, без никаков политички договор, целосно ја повлече својата војска од Појасот Газа.
Следната година, на 25 јануари, беа одржани вторите избори во Палестина, каде Хамас освои мнозинство гласови во палестинскиот законодавен совет - 80 места, а Фатах - 43 места.
Во јуни 2007 година, во Појасот Газа се случи воен конфликт меѓу Фатах и Хамас, што доведе до тоа Хамас да воспостави целосна контрола над Појасот Газа. Ситуацијата повторно се влоши кога американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година објави дека го признава Ерусалим како главен град на Израел и ја пресели американската амбасада таму.
На 29 ноември 2021 година, Палестина доби статус на држава набљудувач во Обединетите нации, што многумина го гледаат како де факто меѓународно признавање на палестинската државност.
Како резултат на ракетните напади од Појасот Газа, Израел спроведува операции таму од 2008 година против инфраструктурата на Хамас. Последната ваква операција се случи во мај годинава.
Во сабота, 7 октомври, военото крило на палестинското движење Хамас ја објави операцијата „Потопот Ел Акса“ против Израел. Потоа израелската армија објави дека ја започнува операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа во кој живеат околу два милиони Палестинци.
Во нападот на Хамас врз Израел досега, службено е потрдено, има над 1.000 жртви меѓу Израелците од кои најголем дел се цивили, а околу 300 од нив се војници и полиција.
Нападот се случи на денот кога пред 50 години се водеше војна на Израел со соседните арапски држави, таканаречена Јомкипур војна , според големиот израелнски празник.
Војната во Јом Кипур (исто така позната како Октомвриска војна) се водеше меѓу Израел и коалицијата на арапски земји предводена од Египет и Сирија помеѓу 6 и 26 октомври 1973 година. Војната започна на еврејскиот празник Јом Кипур со ненадеен напад од Египќаните и Сиријците на Синај и Голанската висорамнина, кои Израел ги зазеде во 1967 година. Арапските земји ја нарекуваат и Рамазанска војна.
Во 1967 година Израел изврши ненадеен напад во т.н Шестдневната војна, тој успеа да ја уништи целата египетска авијација. Овој напад толку ги понижи и шокираше Египќаните и арапскиот свет што воопшто не се зборуваше за помирување.
Во таа војна за Синај на израелската страна имало 2.600 загинати, а на арапската коалиција Египет-Сирија-Ирак над 10.000 загинати.
На 22 октомври 1973 година, Обединетите нации донесоа резолуција 338, со која се бара прекин на нападите. САД испорачувале оружје и муниција на Израел, додека СССР ја снабдувала арапската коалиција.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата рече дека земјата е во воена состојба и додаде дека наредил мобилизација на 360.000 воени резервисти, врши бомбардирање на позициите на Хамас и објекти во појасот Газа населен со Палестинци и ги расчистува населените места.
Израелската војска забрани евакуација на Палестинци од појасот Газа кон Египет, и влез на египетска медицинска помош во појасот Газа. Во меѓувреме се случуваат спорадични судири на северната граница на голанската висоравнина која е дел од Либан помеѓу друга милитантна организација, Хезболах, која ги поддржува Палестинците и израелската војска.
Турција, Русија, Кина и речиси сите арапски држави бараат повлекување на Израел од окупираните палестински територии, создавање држава на Палестинците според границите и состојбата од 1967 година. САД, ЕУ и нивните сојузници го осудија нападот на Хамас врз израелските населби и одобрија сеопфатна воена операција на Израел во нападот врз Газа.
<b>Кои се Хамас</b>
Хамас, или Движењето на исламскиот отпор, е основано во 1987 година за време на првата палестинска интифада, или востание. Таа е поддржана од шиитскиот Иран и ја дели исламистичката идеологија на Муслиманското братство, кое беше основано во Египет во 1920-тите.
Хамас практично владее со Појасот Газа од 2007 година, по кратката граѓанска војна со силите лојални на движењето Фатах предводени од претседателот Махмуд Абас, кој е со седиште на северниот дел над Израел, Западниот Брег, и исто така ја предводи Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО).
Преземањето на Газа од страна на Хамас уследи по победата на палестинските парламентарни избори во 2006 година. Хамас го обвини Абас за заговор. Абас го опиша тоа што се случило како државен удар.
Оттогаш, имаше бројни конфликти со Израел, често вклучувајќи ракетни напади на Хамас од Газа кон Израел и израелски воздушни напади и бомбардирање на Газа.
Хамас одбива да ја признае државата Израел и насилно се спротивстави на мировниот договор од Осло, договорен меѓу Израел и ПЛО во средината на 1990-тите.
Хамас има вооружено крило наречено Бригади Из ел-Дин ал-Касам, кое испрати вооружени лица и бомбаши самоубијци во Израел. Хамас ги карактеризира своите вооружени активности како отпор кон израелската окупација.
Нејзината основачка повелба од 1988 година бараше уништување на Израел, иако лидерите на Хамас повремено нудат долгорочно примирје, или худна на арапски, со Израел во замена за одржлива палестинска држава на целата палестинска територија што Израел ја окупираше во војната во 1967 година. Израел го смета ова за измама.
Израел, Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Канада, Египет и Јапонија ја прогласуваат Хамас за терористичка организација.
Хамас е дел од регионалната алијанса која ги вклучува Иран, Сирија и шиитската исламистичка група Хезболах во Либан, од кои сите се широко против политиката на САД на Блискиот Исток и Израел.
Додека неговата моќна база е во Газа, Хамас има поддржувачи и на палестинските територии и има лидери ширум Блискиот Исток во земји вклучувајќи го и Катар.