Во ресторан во гостиварско се одржала прослава со 80 гости, пријава за сопственикот

8.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во ресторан во гостиварско се одржала прослава со 80 гости, пријава за сопственикот

Полицијата поднесе кривична пријава против сопственик на угостителски објект во село Здуње, гостиварско, во кој се одржувала прослава на која имало 80 гости.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Б.Џ. (59) од Гостивар за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 21 ноември минатата година во угостителскиот објект на Б.Џ. се одржувала прослава и биле затекнати околу осумдесетина гости.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата