Од денес женската А репрезентација е на собир во пресрет на последниот натпревар од циклусот квалификации за Европско првенство кој ќе се игра на 27 ноември, 2020 во Алмати – Казахстан. На клупата на „црвено-жолтите“ нема да биде предводникот, Кирил Изор, тој е позитивен на Ковид-19, во негово отсуство репрезентацијата ќе ја водат неговите помошници Ферди Исмаили, Александар Андов и Тања Крстевска.

„Атмосферата во репрезенатцијата е одлична, сите сме многу расположени и мотивирани за натпреварот против Казахстан и се надеваме дека на Македонија ќе и донесеме радост и победа. На овој собир за овој претстоен натпревар со нас се и нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, како и Гентијана Рочи. Се надевам дека со нивна помош и максимално залагање од страна на целата репрезентација ќе успееме да ги донесеме тие три бода и победа за Македонија“, изјави Елма Шемшовиќ.

Повик за овој натпревар добија следните фудбалерки:
Голмани- Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Колевска Верица (ЖФК Деспина),

Одбрана- Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (ЖФК Скопје 2014), Гегова Драгана (ЖФК Скопје 2014), Ана Милчевска (ЖФК Истатов), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Маја Ангеловска (НК Крим-Словенија), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Даниела Велеска (ЖФК Деспина), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен),

Среден ред- Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Наташа Андонова (Леванте), Сара Хусеин (ЖФК Истатов)

Елма Шемсовиќ (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Теодора Николовска (ЖФК Тиверија)

Напад- Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Гентјана Рочи (Купс-Финска), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Кристина Петрушевска (ЖФК Истатов).