Најинцестоидното семејство на светот потекнува од Австралија, а во прашање е изопачен, чуден клан, чиј водач и основач е Тим Колт, кој емигрирал од Нов Зеланд во 70-тите години на минатиот век. Семејството вклучува четири генерации на инцести и најмалку 14 деца чии родители се крвно поврзани.
Според извештаите на „Сан“, Тим Колт, кој починал во 2009 година, имал еден вид камп во предградието на Нов Јужен Велс во Австралија, каде што ги силувал своите ќерки, кои потоа раѓале негови деца.
Истражувањето, врз основа на податоците објавени од Детскиот суд на Австралија, открива како Тим и неговата сопруга Џун имале седум деца – пет девојчиња и две момчиња. Но освен со неа имал деца и со ќерките Бети и Ронда.

Триесет и осум членови на семејството Колт биле принудени да живеат во страшна сиромаштија и болна атмосфера на инцест, педофилија и запоставување, а оваа приказна го згрози целиот свет кога беше откриена во 2013 година. Истата година, целото семејство добило псевдоними по налог на судот, вклучувајќи го и презимето Колт, во обид да го сокријат нивниот идентитет.
ДНК-тестирањето покажа дека 11 деца се родени од блиски роднини. Во кампот живееле и десет полнолетни членови на семејствата од втората и третата генерација, па не биле обврзани да направат ДНК-тестирање, а не се знае конечниот број на деца кои се родени како последица на инцест.
На еден од судските процеси, Родерик Колт, син на Тим Колт, беше прогласен за виновен за силување на неговата внука Петра, која беше и негова полусестра. Имено, Петра била биолошко дете на неговиот татко Тим и неговата сестра Бети, а Родерик не бил единствениот кој го злоставувал. Нејзиниот вујко Френк го направил истото во 2010 година за време на посетата на семејната фарма, кој минатата година конечно беше осуден за овој напад.

Петра во 2013 година ѝ кажала на полицијата дека никогаш не одела на училиште, дека живее во култ и дека сите нејзини тетки, чичковци и братучеди спијат заедно.
Марта, сестрата на Бети и Ронда, отворено го делела „брачниот кревет“ со нејзиниот брат Чарли Колт, и родила шест деца. Се верува дека некои од нејзините деца не се само од Чарли, туку и од нејзиниот друг брат, Родерик, и нејзиниот татко, Тим. Марта беше осудена и на две години затвор откако го прикрила татковството на своите деца, за што ДНК тестовите покажале дека се плод на врска со биолошки роднина.
Помеѓу 1988 и 2006 година, Марта родила три сина и три ќерки, но едно од девојчињата починало. Таа тврдела дека децата се резултат на случајни средби, кои судијата ги окарактеризирал како „докажана лага“. Судот како доказ ја приложил и снимката од разговорите меѓу Марта и нејзиниот брат Чарли, кои биле полни со „кикотење и сексуални алузии“.
Чарли Колт, кој првично се соочи со 27 обвиненија, беше прогласен за невин по две точки и беше ослободен, додека останатите обвиненија беа отфрлени.