Американката Бријана Лаферти, која боледува од редок и тежок невролошки нарушување познато како миоклонусна дистонија, со денови трпела несоница толку интензивна што не заспала ни за момент. Во еден миг, нејзиното тело, како што вели, едноставно се предало. Била клинички мртва осум минути, но тогаш ѝ се случило нешто што никогаш нема да го заборави, пренесува британски „Експрес“.
– Излегов од телото. Не го видов моето физичко јас, но бев во потполн мир. Се чувствував поинаку живо од кога било. Немаше болка, само длабоко чувство на јасност и спокој – раскажала таа.
За време на тоа искуство, слушнала глас што ја прашал дали е подготвена. Кога се согласила, сè било обвиено во темнина, но и силно чувство на разбирање.
„Свеста не умира“
– Смртта е илузија затоа што нашата душа не умира. Нашата свест останува жива. Нашата суштина едноставно се менува и преминува во друга состојба. Таму мислите веднаш ми стануваа реалност. Нашите мисли таму го создаваат светот околу нас, но потребно е време – и тоа всушност е благослов.
Таа тврди дека научила како од негативното да создаде нешто позитивно и на сè да ѝ даде подлабоко значење.
– Денес се чувствувам оснажено и со доверба ги прифаќам предизвиците. Ми е јасно зошто се борев со болеста и сè што доаѓаше со неа.
„Сè се случува со причина“
Сега Бријана верува дека сè во животот се случува со причина, и поради тоа веќе не чувствува лутина ниту фрустрација, дури ни кога се соочува со неправда.
– Самото сознание колку се силни мислите и чувствата ми помага да живеам со длабока благодарност.
За време на четирите дена во болница, откако ѝ проработело срцето, Бријана се обидувала да разбере што точно ѝ се случило. Повторно морала да учи да оди и да зборува.
– Сѐ уште имам трајни последици, вклучително и оштетување на хипофизата. Но експерименталната операција на мозокот засега е успешна.
Иако признава дека чувствува благ страв од нова епизода на клиничка смрт – не поради самото искуство, туку поради исцрпувачкото закрепнување – таа вели дека е подготвена да го прифати тоа ако мора.
– Моето срце денес е исполнето со благодарност, а не со лутина.
„Преживеав затоа што имам цел“
Таа верува дека сè што ѝ се случило – се случило со причина.
– Верувам дека преживеав затоа што имам цел на оваа Земја. Имаше многу моменти кога можев да умрам, но не умрев. Верувам дека нашата душа ги избира тешките и болни моменти за да научи нешто што не може да го доживее во духовниот свет. Понекогаш причината е и возбудата од непознатото.
Денес го користи своето искуство за да им помогне на други кои се соочуваат со хронични болести, смрт или духовно будење.
– Сега знам дека постои повисока интелигенција што не набљудува со безусловна љубов. Сè се случува истовремено, како да не постои време, но сè има свој совршен ред – објаснила таа, пренесува „Mоје Вријеме“.