Натпреварувањето се одржува секоја година и е единствена мешавина од адреналин, традиција и ризик.
Учесниците се спуштаат, или поточно, (не)контролирано се лизгаат по Куперовиот рид, обидувајќи се да стигнат до пита сирење.
Учесниците во веројатно најлудиот спортски настан во светот ризикуваат модринки, посекотини и сериозни повреди за да го освојат популарниот „Дабл Глостер“.
Оваа година, неколку стотици од најхрабрите натпреварувачи „летаа“ од врвот на ридот. Во машка конкуренција, славеа Том Копке од Минхен (прва трка), Лук Бригс од Глостершир (втора трка) и Бајрон од Нов Зеланд (трета трка).
Кај жените, во трката триумфираше Ева од Лондон.
Правилата мора да се следат
И, за да се избегне забуна, мора да истакнеме дека овој настан - прогласен за небезбеден од властите - има правила што мора да се почитуваат.
Питата сирење се лансира по падина, а се проценува дека достигнува брзина до 100 км/ч. Неколку секунди подоцна, натпреварувачите полетуваат, обично тркалајќи се со брзина од 50 км/ч. Кој прв ќе стигне до подножјето, победува и го добива сирењето.
Првиот пишан доказ за трки во Глостершир се наоѓа во порака до градскиот советник од 1826 година. Дури и тогаш, било очигледно дека настанот претставува стара традиција, а постојат шпекулации дека бил организиран уште во 15 век.