Маја Шупут и нејзиниот сопруг Ненад престојуваат во луксузен хотел со пет ѕвездички на Малдиви, со просек од 1.000 евра за ноќ.
Пејачката споделува фотографии од патувањето со фановите на социјалните мрежи, додека хрватските медиуми јавуваат дека нејзината компанија е блокирана. Со оглед на тоа што е помалку од една и пол година продава микрофони, слушалки и други работи преку нејзината фирма која е во сопственост на нејзиниот сопруг, се очекува првите финансиски резултати да не бидат веднаш феноменални.
Патем, Маја во 2018 година заврши со минус од околу 1.600 евра, а е под блокада од 4 октомври. Иако се омажи пред половина година, пејачката дури сега најде време за меден месец поради зафатен распоред.
Пејачката уште еднаш покажа дека може да си дозволи што можат да сонуваат „обичните смртници“, без разлика дали тоа е патување на Малдиви, елитен хотел или нешто друго.