Горан Здравков – Чалам (39), од денеска е нов шеф на стручниот штаб на Саса, второлигашки клуб од Македонска Каменица. Ова за некогаш легендарниот фудбалер на Брегалница, играше покрај другите клубови и во Работнички, имаше и интернационална кариера, е прв тренерски предизвик. Што се вели до вчера беше носителот на играта на “рударите“.
Инаку денеска фудбалерите на Саса под водство на Здравков, според строго предвидените протоколи, ги стартуваа подготовките и ги одработија првиот тренинг.