Завршија првите 45 минути од денешните натпревари од 27. коло на Бундес лигата и паднаа пет гола на четири натпревари. Баер Леверкузен води во Менхенгладбах со 1:0 со голот на фантастичниот Каи Хаверц во 7. минута. Тој прими топка напред, излезе очи во очи со противничкиот голман и ја смести топката во мрежата.

Тоа е негов 10-ти гол на 15 натпревари во 2020 година, а трет по ред откако и минатата недела погоди два пати против Вердер. Овој меч е всушност борба за позиција во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд поведе во Волфзбург со 1:0. Една убава акција почна Бранд, ја продолжија Хакими и Азар, а со гол ја заврши Гереиро.

Вердер води кај Фрајбург со 1:0 со гол на Битенкорт, а резулатот од мечот меѓу Падерборн и Хофенхајм е 1:1 (Србењи и Сков стрелаа во првите 10 минути).