КОРОНА КРИЗА: Комерцијална банка оствари добивка од 3,5 милиони евра во првиот квартал на 2020 година

23.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНА КРИЗА: Комерцијална банка оствари добивка од 3,5 милиони евра во првиот квартал на 2020 година

Во периодот од 01.01-31.03.2020 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 217,5 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 435,2 милиони денари што претставува намалување за 50%.

Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 44,4%. Намалувањето на бруто-добивката е резултат на поголемиот износ на исправка на вредност на финансиските средства на нето основа, при остварен пораст на редовните приходи од работењето. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 10,3% поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемувањето на нето-приходите од камата пред се’ од секторот домаќинства, а во помал дел и од секторите држава и нефинансиски друштва, како резултат на зголемено кредитирање. Исто така зголемување бележат нето-позитивните курсни разлики и останатите приходи (приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот и поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања). Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови кога е прогласена вонредна состојба во Државата, почнувајќи од 18.03.2020 година, поради пандемијата со ковид-19, при што ваквата состојба продолжува и во следниот период и Банката се соочува со неизвесност во однос на последиците од здравствената и економска криза која е од глобални размери.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 1.017,5 милиони денари и бележат зголемување од 9,6% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2020 година истите бележат зголемување од 6,3% во однос на истиот период од минатата година главно како резултат на зголемувањето на приходите од камата од кредити дадени на домаќинства, држава и нефинансиски друштва по основ на зголемено кредитирање во овие сектори. Планот за анализираниот период е остварен со 101,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2020 година изнесуваат 225,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 2,9% како резултат на подинамичниот пораст на расходите од провизи во однос на
растот на приходите. Планот за анализираниот период е остварен со 93,4%.

Нето приходите од курсни разлики на 31.03.2020 година изнесуваат 43,5 милиони денари и бележат зголемување од 37,5%. Планот за анализираниот период е остварен со 147,5%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2020 година изнесуваат 142,4 милион денари и бележат зголемување во најголем дел како резултат на поголем износ на наплатени претходно отпишани побарувања и поголем износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 43,2%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-31.03.2020 година изнесуваат 421 милион денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 8,6% како резултат на зголемени премии за осигурување на депозитите, трошоци за одржување компјутерска опрема и за телекомуникациски услуги, трошоци за амортизација и зголемени спонзорства и донации. Планот е остварен со 96%.

Во периодот од 01.01-31.03.2020 година Банката нема прокнижено загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа.

Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 378,9 милиони денари наспроти 102,7 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупната актива на Банката на 31.03.2020 година достигна износ од 124.400,5 милиони денари и во однос на декември 2019 година бележи зголемување од 1,1%.

Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемувањето на кредитите на коминтенти, вложувањата во хартии од вредност и останати побарувања. Планот е остварен со 100,2%.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат намалување од 4,1%. Планот е остварен со 94%.

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 339,6 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат намалување од 55,5% како резултат на пласирање на доспеаните пласмани на тековните сметки во странски банки и на краткорочно орочените депозити во домашни и странски банки до три месеци.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 9% како резултат на зголемено кредитирање на секторите домаќинства, нефинансиски друштва и држава. Планот е остварен со 108,0%.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 8,7% како резултат на поголем износ на запишани од доспеани државни записи во денари и купени Македонски Еврообврзници во номинален износ од 4 милиони евра. Планот е остварен со 108,9%. Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се зголемени за 16,6%.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 108.909,7 милиони денари и бележат зголемување од 1,2%. Планот е остварен со 100,3%.

Обврските по кредити достигнаа износ од 678,1 милиони денари и се намалени во однос на декември 2019 година како резултат на отплатени доспеани рати од кредитните линии. Планот е остварен со 87,1%.

Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 31.03.2020 година достигнаа износ од 13.458,8 милиони денари и бележат зголемување од 1,6% како резултат на остварената тековна добивка и вклучената нераспоредена добивка за 2019 година. Планот е реализиран со 98,8%.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата