ДАЛИ Е ОВА НОВАТА ИТАЛИЈА?! Има малку заразени, но бројката нагло се зголемува

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДАЛИ Е ОВА НОВАТА ИТАЛИЈА?! Има малку заразени, но бројката нагло се зголемува

Во Турција официјално се уште има релативно малку заразени и починати од коронавирусот. Последниве денови, вројот на заразени расте, скоро исто како во САД. А, властите очигледно за тоа не ги информираат луѓето како што треба, наведува Дојче Веле.

Списокот на официјалниот број регистрирани починати кружел неколку часа на социјалните медиуми и медиумите на интернет пред пристапот да биде блокиран. На тој список биле наведени смртни случаи од денот претходно – имиња на починати, датум на нивно раѓање и причината за смртта, Како причина за смртта коронавирусот бил наведен 20 пати.

Турскиот министер за здравство бил приморан да објасни што се случило, затоа што истиот тој ден, 28. март неговото министерство објавило дека има само 16 смртни случаи од последица на коронавирусот и тоа во цела Турција. Првото објаснување на министерот гласело дека упте 4 луѓе починале откако тој ги објавил бројките. Било потребно да помине уште еден ден за истанбулското комунално претприемништво кое управува со гробиштата да признае дека грешката била нивна.

Постои сомнеж и недоверба во информациите на властите. Сомничав е заменикот на турската лекарска комора Али Черкезоглу. Тој вели дека „во бројките мораме да веруваме, но не мора да ги прифаќаме, туку може да ги преиспитаме. Затоа што ако одговорните во таа земја не спроведат доволно тестови, тогаш мора да се разговара за тоа дали е вистинска статистиката во оваа земја“, вели Черкезоглу.

Од избивањето на епидемијата до минатиот викенд во Турција испитани се помалку од 50.000 лица – толку во Германија за тестираат за само еден ден. Некои експерти сметаат дека бројот на непознати случаи во Турција е 50 пати поголем

Но, дури ниту официјалната статустика на владата не била доволно подготвена, тврди Омер Фарук Гергериоглу, лекар и пратеник на опозициската курдска Демократска партија на народот.

„Министерствата се прават како да вирусот да нема да ја погоди Турција. Но, турција е земја која има интензивен трговски и патнички сообраќај со Кина. А, ако вирусот дојде до Иран, беше јасно дека ќе дојде до Турција“, вели Гергериоглу.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата