Зошто ЕУ падна на предизвикот Италија, и што следи потоа

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто ЕУ падна на предизвикот Италија, и што следи потоа

Покрај вирусот што ја фрли Италија на колена, оваа медитеранска земја ја погоди и друг, помалку неочекуван проблем – игнорирањето и тишината на Европската унија (ЕУ) на повиците од оваа членка за помош, пишува „Алџезира Балканс“.

Ваквиот однос ги изведе на виделина бројните судири на интереси меѓу земјите-членки, суптилните геостратешки игри на Русија и Кина кои се засноваат на користење на силите за да навлезат во Европа и зоните на интерес на САД.

Италија во немилост, помош за Хрватска

Веднаш по избивањето на епидемијата, кон крајот на февруари, Италија побара помош преку Центарот за координација за итни случаи, но…

„Побаравме испорака на медицинска опрема, а Европската комисија ја проследи молбата до земјите-членки. Но досега ниту една земја-членка на ЕУ не ѝ ги испрати на Италија потребните залихи“, изјави претставникот на Италија во ЕУ, Маурицио Масари.

Кога Загреб го погоди земјотресот на 22 март и Хрватска го активираше истиот механизам за цивилна заштита на ЕУ, неколку земји-членки веднаш испратија помош.

Така, за неколку дена стана јасно дека Италија е свесно во немилост на останатите земји-членки и дека не станува збор за збунетост или приоритетна грижа на членките на ЕУ за сопствените потреби, туку за селективно реагирање.

Веднаш потоа, помош за Италија стигна од Кина, Русија и Куба. Придружните политички пораки јасно ги расветлија корените на европското игнорирање за италијанската трагедија.

Италија веќе неколку години внатре во ЕУ фигурира како членка што ја отвори вратата за рускиот и кинескиот капитал спротивно на европското и американското разбирање на санкциите поставени на Русија и нивните интереси. Сегашниот однос кон Италија се чини дека е европски одговор на тоа.

„Еден појас, еден пат“

Најмногу критики Италија претрпе кога пред една година договор за соработка на кинескиот проект „Еден појас, еден пат“ во Рим потпишаа претседателите Си Џинпинг и Серџо Матарела. Со тоа, Италија и Кина се обврзаа на соработка во стратешки сектори – патишта, железници, мостови, авиосообраќај, пристаништа, енергија и телекомуникации.

Суштината на противењето од САД и европските сојузници е тоа што влегувањето на Италија во проектот, како членка на Г7 предизвикува пукање на некогаш светски доминираниот економски сојуз и ѝ нанесува голем удар на администрацијата на Трамп која е критична кон иницијативата „Појас и пат“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата