Американците кажаа ЗОШТО ПАДНА КОСОВСКАТА ВЛАДА НА КУРТИ

26.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американците кажаа ЗОШТО ПАДНА КОСОВСКАТА ВЛАДА НА КУРТИ

Спорот околу реакцијата на пандемијата од коронавирусот е една од причините поради кои парламентот ја изгуби довербата во косовскиот премиер Албин Курти, но критичарите велат дека американската дипломатија имала улога во тоа, пренесува американски весник Њујорк Тајмс.

Весникот наведува дека косовската влада е првата влада што делумно падна поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот. Курти ќе остане да дејствува сè додека не се формира нова влада, но по вчерашното гласање во парламентот, Косово останува без силно лидерство во време кога повеќето влади во другите земји се обидуваат да ги прошират своите овластувања во борбата против пандемијата, пишува изданието.

Оттаму велат дека резултатот од гласањето го поздравиле Соединетите Држави, чии дипломати постојано вршат притисок за Курти, откако неговата влада ја презеде функцијата, поради спротивставувањето на некои аспекти на американскиот мировен план за регионот.

Одлуката, сепак, беше осудена од Франција и Германија, кои во заедничка изјава велат дека соборувањето на владата било невнимателно за време на пандемијата.

„На Косово и е потребна стабилна и целосно функционална влада за решавање на кризата“, се вели во германско-француската изјава.

Весникот потсетува дека недостатокот на доверба во владата на Курти е делумно како резултат на негодувањето на неговата партија со помалиот коалициски партнер околу воведувањето ограничувања на секојдневниот живот на граѓаните во Косово, како резултат на епидемијата на коронавирусот. Коалициските партнери на Курти го поддржаа воведувањето вонредна состојба, давајќи му поголем авторитет на политичкиот ривал на Курти, Хашим Тачи, кој како претседател на Косово има церемонијална улога во политичкиот живот.

Но, според „Њујорк тајмс“, гласањето во косовското собрание го привлече вниманието и на дипломатијата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на Балканот.

Иако вирусот беше главната причина за покренување на иницијативата за падот на владата на Курти, тоа беше исто така предизвикано од многу подлабоко несогласување за тоа како да се реши деценискиот спор меѓу Косово и Србија. Во дебатата, Курти, долгогодишен активист, остана на спротивната страна и на Тачи и на администрацијата на Трамп, пренесува американскиот весник.

„Ова е многу јасна последица од играта која моментално ја играат Американците“, рече поранешниот претставник на ЕУ во Косово, Волфганг Петрич.

Кампањата за бомбардирање предводена од САД му помогна на Косово да се ослободи од Србија во 1999 година, но балканските соседи никогаш не потпишаа конечен мировен договор, додава „Њујорк Тајмс“.

Весникот потсетува дека Србија успешно излобирала кај неколку десетици земји да не ја признаат независноста на Косово и дека Косово од своја страна наметнал данок на стоки од Србија, што и наштети на нејзината економија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата