Реал Мадрид продолжува да и помогна на Шпанија во тешките денови, поточна во битка со „Ковид-19“. Кралскиот тим на својата официјална станица информираше дека стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде претворен во магацин за медицински материјали.

Со медицинска опрема складирана во просториите на клубот ќе се придонесе оптимално и ефикасно користење на ресурсите за здравствени услуги за итни случаеви.

Добро е познато дека Реал Мадрид донираше 1,2 милиони евра во битката со коронавирус, дел од нив ќе одат за храна, дел за здравствените работници, за оние кои што ја изгубиле својата работа и за волонтерите кои постојано помагаат.