Во 1978 година Аргентина стана светски фудбалски првак, а голем број клубови побрзаа да ги ангажираат нивните фудбалери. Челници на Тотенхем и Шефилд Јунајтед отпатувале по аргентинските фудбалери. И покрај тоа што  бил второлигаш Шефилд се надевал на потпис на некој од аргентинските шампиони.

Три клуба сакале да одат во Аргентина, но Арсенал се откажал во последен момент. Сепак, нивниот тренер Тери Нил се качил на авионот во кој биле тренерот на Шефилд Јунајтед Хари Хеслем, клупскиот директор Џон Хесел и тренерот на Тотенхем Кеит Баркиншоу“, раскажува историчарот Џон Герет.

Во првите денови, лондончаните ги договориле Рикардо Виља и Освалдо Ардиљес по што го го напуштиле „пазарот“. Шефилд исто така сакал да донесе светски шампиони во својата екипа но не успеал поради загубениот прволигашки статус, сепак успеале со помош на локални скаути да ги договорат Алехандро Сабеља и Педро Верде – чичкото на Хуан Себастијан Верон.

Хеслан сакал уште – скаути му го понудиле Диего Марадона кој тогаш имал 17 години и играл за Аргентинос Јуниорс, а во таа шампионска репрезентацијата на Аргентина не се нашол поради одлуката на селекторот Цезар Луис Меноти дека Диего бил премлад.

Хеслан бил воодушевен од Диего, паднал договор за трансфер вреден 150.000 фунти. Но неколку часови подоцна во хотелската соба на Хеслан дошол претставник на воената хунта.

Во 1976 година во Аргентина се случува воен удар, лидер станува аргентинскиот воен лидер Хорхе Видела. Претставникот на режимот му рекол на Хеслан дека Шефилд мора да плати извесна сума на војската ако сака да го добие Марадона. Англискиот клуб се откажал од тоа.

Парите не биле проблем. Клубот можел да плати двојно повеќе. Но Јунајтед не сакал да биде инволвиран во политички игри и да дава мито за трансфер на играч“, објаснува Герет.