Седум совети КАКО ДА ГО СПАСИТЕ БРАКОТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

7.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седум совети КАКО ДА ГО СПАСИТЕ БРАКОТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

За време на самоизолацијата, многу бракови можат да бидат компромитирани бидејќи партнерите се насочени едни кон други цело време под посебни стресни услови.

Повеќето се осудени да поминат со својот сопруг или сопруга денови и недели во мал простор, реба да го делат и деловниот и приватниот живот 24 часа, седум дена во неделата, што може да биде рецепт за катастрофа и евентуално развод, објавува Си-Ен-Ен.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат:

1. Комуницирајте што е можно повеќе
Тајната на секоја успешна врска е во комуникацијата. Ова важи и за други прилики, но и во околности на изолација што се резултат на пандемија на коронавирус. Мајкл Вајнер-Дејвис, сопружник и брачен терапевт од Колорадо вели дека не е важно колку партнерите комуницираат во изолација, туку дека е важно тие да се стремат да покажат желба и намера да комуницираат.

"Најголем проблем случаи со кои се соочив е кога двајцата партнери гледаат што се случува со други очи - едната личност мисли дека сè се распаѓа, а другиот дека работите со опасноста од корона вирус се претерани. Кога луѓето имаат толку различни перспективи тие имаат поинаков став за тоа што треба да се направи во решавање на проблемите, а единствениот начин да се надмине ова е преку комуникација “, вели Вајнер-Дејвис.

2. Дајте си еден на друг поддршка 
Повеќето парови најголемиот дел од денот го поминуваат одделно - барем еден партнер оди од дома на работа, а сега кога фирмите бараат од вработените да работат од дома цело време го поминуваат заедно под ист покрив и во време на навиката денот да се помине во деловни активности. Ова може да биде посебен проблем за паровите кои живеат во мали домови затоа што може да се чувствуваат како да се загрозува нивниот личен простор и се урива нивната навика и динамика на живеење.

"Важно е паровите да знаат дали спаѓаат во категоријата на луѓе на кои им треба партнер за да ги решат своите емоции или се оние кои сами ги регулираат. Ако знаете дека вашиот партнер сам сака да ги регулира своите емоции, не треба да се обидувате да работите со него и да му влијаете, дозволете да се справи со тоа самостојно “, вели Алев Атес-Барлас, терапевт од Њујорк

Тој вели дека најдобриот начин за надминување на напнатоста меѓу вас и вашиот партнер може да биде преку медитација или слушање музика на слушалки.

3. Кажете си на едни со други што ве мачи
Кога мора да се ​​работи заедно од дома, би можел вашиот партнер да стане имагинарен колега кој е виновен за сè. Александра Фондрен го прочитала овој проблем на Твитер и веднаш разговарала со сопругот за тоа што им пречи едни на други, особено кога се во самоизолација во доба на денот кога се вообичаено на работа. И другите сопружници започнаа да го спроведуваат тоа и да пишуваат на Твитер под хаштагот #CovidConfessions за нивните искуства. Ритамот граден со години дека од утро до попладне живеете со друга динамика на работа од онаа дома е тежок терет за многумина кои имаат проблем тој ритам да го прилагодат престојувајќи дома во тоа време. Викендите се нешто друго, шетате, се дружите со многу луѓе што во изолација не е можно.

4. Воспоставете рутина

Никој сè уште не е целосно прилагоден на новите околности на пандемијата. Поради ова, Ли Милер, брачен терапевт од Лос Анџелес, советува дека би било паметно да се создадат нови рутини што ќе имаат смисла на секојдневниот живот. Особено е важно да се утврди кој ќе направи што во текот на денот: кој да готви, кој да чисти, кој да одговара на телефон и слично.

„Ова не е ни приближно до типичната ситуација, што значи дека има нови бројни улоги на кои партнерите треба да се договорат и да се придржуваат додека работат од дома. Важно е да одредите време да седнете и да разговараме за очекувањата што ги имаат едни од други во овие времиња“ Вели Милер.

Њујорчанецот Кери Ингула и нејзиниот сопруг Рон Ричардс смислија победничка стратегија од дома, своите 53 метри квадратни за живеење во самоизолација два месеци. Ричардс се обидува да одржува деловни разговори во време кога децата обично спијат, а Ингула ги шета кога Ричардс има потреба од концентрација. И двајцата престануваат да работат кога бебињата треба да се хранат. И двајцата ги сменија рутините за да можат да си помагаат едни на други.

5. Не инсистирајте на секс
Според Бритни Блер, клинички психолог и сексуален терапевт од Северна Калифорнија, сексуалната желба за време на коронавирусот може да биде помала бидејќи стресот го намалува либидото кај 85 проценти од луѓето.

"Нормално е да имате помалку желба за секс во овој период. Ако сте меѓу 15% од луѓето кои не се под стрес, треба да имате предвид дека вашиот партнер најверојатно е", вели Блер и додава дека тоа се случува со сите парови, но тоа во ваквите ситуации може да траат подолго од вообичаеното.

Не го принудувајте партнерот да има секс, и ако тоа го забележите кон себе објаснете му му што е проблемот за да не се чувствува одбиен и да не создава непријатни денови поради својата повредена суета.

6. Концентрирајте се на малите работи
Ако сте склони кон паника, најдобро е да го насочите фокусот кон малите работи бидејќи паниката дополнително ќе ја влоши вашата врска со партнерот. Наместо да експлодирате, земете длабок здив и размислете за нешто друго, како што се работите што ги сакате заеднички за вашиот сопруг, некои детали од минатото и планови за иднината. Најдобра рутина се вршењето на мали работи во домот, средување на облеката, гледање некој лесен филм.

7. Ако има тензии и агресивно однесување
Постои можност дека тензијата помеѓу сопружниците може да се зголеми во изолација и дека може да има и семејно насилство. Во овој случај, не треба да страувате од ова, туку бидете информирани како да излезете од оваа ситуација доколку се создава. Обидете се да ја разберете состојбата на агресивната страна која во нормални околности можеби и не се однесува така туку стравот и паниката го владеат разумот. Но, доколку агресивноста премине во насилство тогаш треба да реагирате со време.

Карантинот не е поважен од вашето здравје. Полициските и другите служби за итни случаи работат како порано, затоа контактирајте со соодветната служба повикувајќи ги истакнатите телефонски броеви што можете да ги најдете на веб-страницата на установата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата