Кајманските острови на црна листа во ЕУ

14.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кајманските острови на црна листа во ЕУ

Кајманските острови, британска прекуморска територија, ќе биде ставена на црна листа на ЕУ на таканаречени “даночни раеви“ за помалку од две недели бидејќи Британија излегла од ЕУ. Тоа е, како што се оценува, јасен сигнал дека Британија го губи влијанието во одлучивање во самата ЕУ, пренесува Гардијан.

Се очекува дека оваа одлука од 27 министри во ЕУ ќе ја потпишат следната недела. Црната листа за ЕУ е обид да се елиминира и спречи загубата која е проценета на 506 милијарди фунти како последица на агресивното одбегнување плаќање данок секоја година. Пракса е на црната листа на ЕУ да не се наоѓа ниедна држава членка на блокот како ни територии поврзани со државите членки.

Велика Британија и порано силно лобирала да ги заштити прекуморските територии од вакви контроли.

Амбасадорите на ЕУ се согласиле на состанокот во среда дека островите во западното Карипско море не соработувале ефикасно со Брисел на финансиска транспарентност, пренесува Fajnenšel tajms.

Со ставање на црна листа на “некооперативни“, Кајманските острови ќе им се придружат на Фиџи, Самои, Триндаду и Тобаго, Вануату како и уште три американски територии – американска Самоа, Гуами и американските Девичански острови.

Fajnenšel tajms пренел дека Турција која моментално се наоѓа на “сива“ листа нема да биде преместена на црна листа.

Британски територии и земји кои зависат од Лондон се четири од 10-те места за кои се тврди дека направиле најголемо “ширење пракса на избегнување данок на добивка“ на индекс за заштита на корпоративните даноци.

Статусот на Кајманските острови и британските Девичански острови на преиспитуван се од 2018 година кога се ставени на црна листа.

ЕУ е загрижена поради тоа што даночниот режим на тие територии им овозможил off-shore структури да го собираат профитот без реални економски активности. Земјите членки на ЕУ велат дека Кајманските острови не успеале да го донесат потребното законодавство за решавање на проблемот кое го воочил Брисел.

Земји кои се на црна листа се соочени со дополнителни пречки во пристап на ЕУ фондовите а европските компании ќе мора да преземат додатни мерки за почитување на прописите ако работат на тие територии.

Оваа одлука се гледа како “пукање во нога“ на Велика Британија во очи на преговорите во идната соработка со блокот. Нацрт преговорите со ЕУ кои треба да бидат завршени на 25 февруари, пропишува дека од Британија се очекува да држи високи стандарди за данокот за време на преодниот период кој завршува на карајот на 2020 година но и загриженост дека владата на Борис Џонсон би можела да тежнее да стане “Сингапур на Темза“, подривајќи го со тоа европскиот модел.

Нацртот бара Британија да се обврзе на договорот дека ќе ги одржи стандардите во поглед на “размена на информации за приходите, финансиските сметки, даночните одлуки, извешатаи по државите како и потенцијалните прекугранични аранжмани на даночно планирање“. Исто така треба да се осигура, како што се наведува во Нацртот, дека Обидинетото Кралство ќе применува заеднички стандарди кои се применуваат во самата Унија во врска со борба против пракса за одбегнување данок.

Велика Британија останува под регулатива на ЕУ до крај на 2020 година за време на преодниот период, за кого премиерот вели дека нема да го продолжи, што е дозволено во договот за повлекување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата