Службеници во италијанската пошта се почувствувале навредени после изјавите на тренерот на Јувентус Маурицио Сари после поразот од Верона во првенството, а во пресрет на мечот со Милан во Купот. Сари изјавил дека навикнал на притисокот во Јувентус и дека доколку сака некоја работа без тензија, би одбрал да работи во пошта.

Но доби одговор од поштата:

Пошта Италија го повикува господинот Сари да посвети неколку минути од своето драгоцено време за образување. Сакаме да му кажеме неколку работи, меѓу кои да му укажеме на фактот дека Поштата е најголемата компанија во Италија, а и дека е меѓу најдобрите светски компании по квалитетот на работниот живот, дека по имиџот и угледот е трета на берзата во 2019. година меѓу италијанските компании. Значи, се е потполно спротивно од тоа што го кажа господинот Сари. Го повикуваме лично да ја погледа нашата секојдневна работа во една од нашите 15.000 пошти“, стои во соопштението.