“Јованка Броз секогаш носела пиштол за да го заштити Тито, лудо го сакала... Сведочење од кое ќе го сменете мислењето за Јованка Броз

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Јованка Броз секогаш носела пиштол за да го заштити Тито, лудо го сакала... Сведочење од кое ќе го сменете мислењето за Јованка Броз

Јованка Бриоз е родена на денешен ден, 7. ноември 1924 година во Пеќани, а со Тито била во брак од 1952.

После смрта на Тито, Јованка до крај на животот живеела во изолација во вила на Дедиње, со никого не разговарала а во гроб однела бројни тајни на Партијата и Југославија. Еден од оние кој останал близок после смрта на Тито бил адвокатот Тома Фила, кој 25 години се борел за Јованка да ги оствари своите права, да добие пензија, документи сопствен имот...

Првата нивна средба се случила после смрта на Тито, кога таа по повод наследството на Тито, дошла кај таткото на Тома, Филе Филота.

“Дојде кај нас 1983 година, а нашата канцеларија, како што ни кажа тогаш, и ја препорачал Тито Тој и рекол: “Ако некогаш нешто ти се случи, оди кај Филота Филе, тој од никого не се плаши“. После смрта на мојот татко, сакаше јас да продолжам да ја застапувам. Така и се случи. Таа за мене, од почеток па до крај, оставаше впечаток дека е жртва. И беше жртва. А беше преубава жена, имаше некое благородно држење, беше горда Личанка, личност која држеше до себе... Верувам дека подобро ќе поминеше ако ја свиткаше кичмата и подржеше некој од претендентите за тронот на Тито. Сигурен сум дека немаше ни политички аспирации, нити имаше соодветно образование за да раководи со држава. А и недостасуваше и оној најважниот столб – опкружување кое ќе ја подржува“, вели Фила.

Го сакаше Тито до лудило

А колку Јованка му била верна и прврзана на Тито се видело за време на посета на Франција, кога е откриено дека Јованка со себе носела оружје.

“Дошло до инцидент – на бал, од ташната на Јованка испаднал пиштол, но службите брзо го прикиле тоа. Тито сепак имал голема доверба во неа, таа била последна линија на негова одбрана, па поради тоа кај себе држела мал пиштол за ликвидација. Ако сите служби откажат, таа требала да го заштити со својот живот, да загине за него... Таа Тито го сакала до лудило и никој неможе да каже дека со него била од интерес“.

До пресуден момент во пресметака со “мали татенца“ – како Фила ги нарекол оние кои се обидувале да го наследат Тито – со Јованка дошло во 1977 година. Тоа се случило на Бриони, пред патувањето на Тито во Кина, кога на важен состанок решено е тој за прв пат во посета на некоја држава да оди без сопругата. Јованка тогашниот министер на знатрешни работи Фрањо Херлевиќ го прашала што се случува.

“Неговиот одговор бил бруталерн, но и простачки. И рекол: Личка к*рво, сега ќе се пресметаме со тебе. Само уште да ги откриеме твоите врски. Од тогаш Фила тврди, Јованка повеќе никогаш не го видела Тито бидејќи не и било дозволено. “Тито потоа се иселил од куќата во Ужичка. Таа се обидувала да дојде до него, но никогаш не и успеа. Измислици се приказните дека подоцна додека Тито бил во болница, дошла во Љубљана, барајќи да ја прими, а тој ја одбил. Тој почина, и не се видоа“. Фила наведува дека на Тито повеќе пати му подметнувале барање за развод брак, а тоа го правеле и додека бил во болница, но тој секогаш одбивал да го направи. Јованка сето тоа го знаела и го толкувала како негова љубов и почит кон неа. После смрта на Тито набрзо е исфрлена од куќата на улица Ужичка во која живеела 35 години. Исфрлена во текот на ноќта, со закана со пиштол, и како самата тврдеше, без било какви работи.

Подоцна се дозна дека сепак добила некои работи, а после две години борба и дале некоја гардароба, но распарана по ивици бидејќи барале скриени микрофони – ја обвинувале дека работи за тајна служба, па сакале да видат до каде се нејзините врски. И ги земале сите документи, па дури и телеграми со сочуства, како и слики на кои е Тито , а и ги дале оние на кои таа е сама. Своевремено се зборувало дека Јованка работи за усташи и дека во опкружувањето на Тито “подметнат“ е Анте Павелиќ. “Не сакале да се виде дека таа некогаш и постоела. Се обиделе да ја исчистат биографијата на Тито. Сакале да направат поставка во Музејор “25 мај“, така што никаде да ја нема, луѓето да стекнат впечаток дека Тито никогаш и не ја оженил“, вели Фила.

“Откако е исфрлена од куќата, сефот насилно е отворен. Во него биле многу важни документи, но и едно писмо на Тито кое во сефот го оставал секогаш кога ќе одел на некое патување. И велел: “Ако нешто ми се случи, прочитај го ова“. Кога ќе се врател од пат, го земал посмото назад и го враќал повторно за време на следното патување. Таа никогаш не го прочитала, не го ни отворила. А тоа писмо, ако добро сватив, било поточно некоја врста политички тестамент. Но по отварање на сефот, на писмото му се губи трагата, некој го видел и брзо го уништил“, открива Фила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата