Попоски со уште 9 колеги поранешни министри порачаа: ЕУ ризикува да ја изгуби својата стратешка моќ во Западен Балкан

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Попоски со уште 9 колеги поранешни министри порачаа: ЕУ ризикува да ја изгуби својата стратешка моќ во Западен Балкан

Поранешниот министер за надворешни на Република Македонија Никола Попоски со уште други девет колеги објавија јавно писмо до носителите на одлуки во ЕУ, во кое предупредуваат на идни грешки, кои можат да бидат избегнати.

Попоски писмото го објави на својот ФБ профил и целиот текст е во продолжение:


Со група колеги од Европа објавивме јавно писмо: Упатуваме на идните грешки... кои може да се избегнат!
Наменето е само за оние кои носат одлуки во ЕУ, а сеуште се сеќаваат како започна приказната!

Неофицијален превод на писмото:

ЕУ ризикува да ја изгуби својата стратешка моќ во Западен Балкан

ЕУ продолжува да биде обиколена со места во кои има проблеми и тензии: Сирија, Ирак, Либија, Украина и Источниот Медитеран. Во југот на Европската унија е формиран лак на геополитичка нестабилност, а кој , во никој случај не смееме да дозволиме да се развие, десет поранешни Министри за надворешни работи предупредуваат преку отворено писмо.

*Потписниците на писмото се наведени на крајот од текстот

Стабилноста, демократијата и просперитетот во Југоисточна Европа се директно поврзани со консолидацијата на европскиот проект и завршување на повторното обединување на нашиот континент со пристапувањето на земјите од Западен Балкан, процес што започна пред 30 години.

Тврдоглавото спротивставување за започнување разговори за пристапување во ЕУ со Албанија и Македонија, и покрај препораката на Европската комисија и волјата на огромното мнозинство на државите членки и Европскиот парламент, го доведе во опасност преостанатото влијание на ЕУ врз сопствениот праг и нејзината способност за обликување на стратешки развој и стабилност во Југоисточна Европа.

Ова е стратешка грешка што помага да се консолидира статус кво во Западен Балкан и инерција на ЕУ во сè повеќе неуредна геополитичка карта. Должност на Европската унија е да придонесе за стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа. Затоа, на пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, треба да гледа како на една одговорна политика, а не како товар.

Згора на тоа, спротивставувањето за почеток на преговорите за пристапување со горенаведените земји го поткопува авторитетот и кредибилитетот на ЕУ. За регион како Западен Балкан, кој се бори да го зајакне владеењето на правото и да ги подобри социјалните и економските стандарди, процесот на членство во ЕУ останува неопходен.

Психолошкото влијание на ваквите дискусии и трансформативните ефекти се важни за чувството на овие земји да бидат прицврстени за ЕУ. И пред сè, тоа е прашање на довербата: Во 2003 година, на Самитот во Солун, лидерите на ЕУ им ветија на овие земји членство.

Под сегашните околности, гаранциите што ЕУ ги даваат на земјите од регионот повеќе нема да бидат важни. Затоа, ќе стане сè потешко да се постигнат компромиси, да се надминат билатералните спорови и да се ослободи позитивна енергија.

Ова им претходи на домашните проблеми во Македонија и Албанија, кои предолго се потпираат на ЕУ за да ги поддржат. Ги поткопува преговорите меѓу Србија и Косово и ги зајакнува центрифугалните сили во Босна и Херцеговина.

Процесот на пристапување во ЕУ во Западен Балкан е исто така процес на градење на држави и истовремено стабилизирачки процес за целиот регион. Тоа е клучна стратегија за остварување на глобалното политичко влијание на ЕУ.

ЕУ треба да ги преземе своите одговорности постапувајќи на стратешки начин. Крајно време е ЕУ да гледа креативно и да ја стави во перспектива нејзината улога во рамките на новото меѓународно опкружување, за да дејствува самостојно во ова опкружување и да ја зајакне својата надворешна политика и одбранбени способности.

Ја повикуваме ЕУ да ги надмине поделбите по оваа точка. Процесот на пристапување ќе трае многу години во текот на кој ќе има доволно време да се усогласи потребата за понатамошна интеграција на ЕУ со потребата за зачувување на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

Затоа, започнувањето на разговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија, врз основа на нивните обврски, е императив и треба да биде договорено на следниот самит на ЕУ. Во исто време, ја повикуваме ЕУ да претстави нови инструменти на претстојниот Самит во Загреб, кој ќе го консолидира патот за пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

*Потписници:
• Игор Лукшиќ, Поранешен Премиер и Министер за надворешни работи, Црна Гора.
• Сигмар Габриел, Поранешен Заменик-Канцелар и Министер за надворешни работи, Германија.
• Весна Пусиќ, Поранешен Заменик Премиер и Министер за надворешни работи, Хрвастка.
• Никола Попоски, Поранешен Заменик Премиер и Министер за надворешни работи, Македонија
• Николаос Коѕијас, Поранешен Министер за надворешни работи, Грција.
• Карин Кнејсл, Поранешен Министер за надворешни работи, Австрија.
• Иоаннис Касулидес, Поранешен Министер за надворешни работи, Кипар.
• Дитмир Бушати, Поранешен Министер за надворешни работи, Албанија.
• Кристијан Вигенин, Поранешен Министер за надворешни работи, Бугарија.
• Горан Свилановиќ, Поранешен Министер за надворешни работи на Федерална Република Југославија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата