(Видео) Тунџев: Граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги во Катастарот

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тунџев: Граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги во Катастарот

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики што носат придобивки за граѓаните. По доаѓањето на  СДСМ на власт, се врши професионализирање на институциите, граѓаните добиваат поефикасни и поевтини услуги. Една од мерките што Владата предовдена од СДСМ ги вети и ја исполни е намалување на цените на услугите на Катастарот, изјави Борис Тунџев, член на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Според него, граѓаните може да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град од местото на живеење.

„На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија од кое било место, така граѓаните може да поднесат разни барања во врска со сопствените имоти во кој било град, за некоја друга општина, како, на пример, барање за промени што настануват по основа на наследно решение и слично.

Исто така, вреди да се истакне дека бројот на затекнати нерешени предмети на почетокот на август 2017 година изнесуваше 5.404, денес бројот на нерешени предмети е 2.043. Евидентно е целосното и драстично намалување на бројот на нерешени предмети. Споредбено, бројот на нерешени предмети е намален 62 отсто.

Во насока на доближување на Агенцијата за катастар и недвижности до граѓаните таа отвори нови канцеларии во општините Чашка и Македонска Каменица. Покрај интернет-опцијата, граѓаните од овие општини може да добијат имотен лист во овие канцеларии. Исто така, целосно или делумно се реновирани канцелариите на подрачните одделенија во: Куманово, Кратово, Тетово, Крива Паланка, Струга, Битола, Штип, Прилеп, Крушево, Кочани, Делчево и други. Реформите за професионализација на услугите и намалување на трошоците за граѓаните се на прав пат. Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и сè повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети. СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани“, додаде тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата